Американски и Канадски авиони пресретнале осум руски авиони

Два  F-22 борбени авиони пресретнале шест Руски воени авиони кои се приближиле до западниот брег на Аљаска, соопштија воени претставници.Потполковникот Мајкл Јаздук, потпарол на Северно Американската  Воздухопловна одбранбена команда, или НОРАД, соопшти дека aмерикански авиони ги пресретнале Руските авиони на околу 55 наутички милји од брегот на Аљаска  во 19 часот во средата.
Руските авиони биле идентификувани како два IL-78 авиони- танкери, два Миг-31 борбени авиони и два Bear авиони.
Во околу 1:30 часот, во четвртокот. два Канадски CF-18 авиони пресретнале два авиони бомардери со голем дострел на околу 40 наутички милји од канадскиот брег на морето Beaufort.
Во двата случаи, Руските авиони влегле во воздушната одбранбена зона, која се протега на 200 милји од брегот. Тие не влегле во воздушниот простор на САД или Канада.
Јаздук вели дека авионите биле пратени за „во основа да им дадат на знаење на воздухопловците дека ги гледаме, и во случај на опасност, да им дадеме на знаење дека сме тука да го заштитиме нашиот воздушен простор“.
Во последните 5 години, авиони под команда на НОРАД имаат пресретнато повеќе од 50 Руски бомардери кои се приближиле до Северно Американскиот воздушен простор.
НОРАД е бинационална Канадска и Американска команда одговорна за противвоздушна одбрана во Северна АмерикаПотполковникот Мајкл Јаздук, потпарол на Северно Американската  Воздухопловна одбранбена команда, или НОРАД, соопшти дека aмерикански ав

Пронајдете не на следниве мрежи: