Претседателството на САД често е обвиено со лаги и тајни. Од изводот на родените, до се останато, Барак Обама е познат по безобзирните лаги. Па така, веќе никој не е изненаден на писмото со кое се докажува дека Осама воопшто не бил убиен во големата акција.Ветеранот од Ирак, Кевин Лејк, тврди дека добил писмо од свој колега од специјалните сили, чиј идентитет останува сокриен.
Лејк тврди дека Осама бин Ладен не бил убиен во познатата акција. Тој не е сигурен дали бин Ладен е жив или мртов, но претпоставува дека штом не се појавил со видео во кое докажува дека е жив и здрав, веројатно се крие или е убиен во сосем други околности.
Јавноста никогаш не доби доказ дека Осама е убиен, освен екстремно сомнителниот погреб на море.
Тој исто така додава дека речиси сите ветерани од познатиот тим што ја изврши акцијата во изминативе години загинаа во сомнителни околности. Сепак, еден од нив лично му кажал дека:
„Осама бин Ладен воопшто не е фатен тој ден. Се е огромна лага, а целта е публицитет. Акцијата е исценирана со политички мотиви, и со единствена цел Обама повторно да биде избран за претседател“.
Тој продолжува: „Ниеден војник или член на морнарицата нема видено како мртвото тело на Бин Ладен како се товари на авионот. Целата операција е толку тајна, што на сите специјалци им е наредено да молчат.“
Лејк потоа емотивно изјавува дека Американците се овци кои прават како што им е кажано, и веруваат во она што ќе им се наметне. Истакнува дека медиумите се однесуваат како миленици на Обама и личен тим од чирлидерки кои не ја презентираат вистината, бидејќи ако го направеле тоа, Обама уште одамна ќе бил ставен под импичмент и немало да биде одново избран за претседател.
Специјалецот тврди дека Обама е модерен антихрист, кој ја води државата во пропаст. Ова го темели на фактот дека тој го поддржува Муслиманското Братство, факт што веќе го знаеме, а особено по конфликтот во Сирија. Тој исто така открива дека Обама е виновен за тоа дека „Муслиманското Братство веќе е инфилтрирано во сенатот и конгресот на САД“.
На крајот од писмото, специјалецот не остава со предупредување од кое заледува крвта:
„Еден ден, Исламот ќе владее со светот, и ќе не заколат како што ги заклаа и своите луѓе. Мораме да се кренеме против терористите, или готови сме!“.
Ветеранот од Ирак, Кевин Лејк, тврди дека добил писмо од свој колега од специјалните сили, чиј идентитет останува сокриен.
Лејк тврди дека