Младата битолчанка Ана Гаштарова (14) го освои третото место на Интернационалниот музички фестивал „Бледски златен микрофон“ кој се одржува во словенечкиот град Блед.Во конкуренција на 52 учесници од Малта, Шведска, Романија, Бугарија, Перу, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија, Македонија и од други држави, битолчанката Гаштарова го освои третото место.
– На овој реномиран фестивал секој учесник се претстави со песна на мајчин јазик, а потоа со песна на странски јазик. Настапот на Ана Гаштарова на македонски јазик предизвика големо внимание кај публиката, а меѓународното жири тоа го оцени со трета награда на фестивалот, истакна Тони Алексовски, раководител на Детскиот фестивал „Тра-ла-ла“, кој се одржува во Битола, а чиј претставник во Словенија беше наградената Ана Гаштарова.
На „Бледски златен микрофон“ освен Гаштарова, како претставнички на Македонија настапија и Илона Шундовска и Андреа Шундовска, беше потврдено на денешната средба со новинарите во Битола.
Во конкуренција на 52 учесници од Малта, Шведска, Романија, Бугарија, Перу, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија, Македонија и од друг