Анализа: Владата постојано се грижи за корисниците на социјална помош

Вкупно милијарда и 278 милиони евра се вкупните социјални трансфери кои државата ќе ги обезбеди во буџетот за догодина. Станува збор за пари наменети за пензии и за корисниците на социјална помош.Анализата на е-вести објавува дека сумата е зголемена во однос на годинава, а поради определбата и во 2014 година да има поголема поддршка на овие категории луѓе, во услови на продолжена економска криза.
-Аналитичарите кои ги консултиравме се согласуваат дека во ова време клучен предизвик на буџетската политика е со капитални инвестиции да стимулира поголеми стапки на економски раст, но дека особено важна е поддршката на ранливите категории луѓе, на пенизионерите. Тие впрочем, велат познавачите, позначајно ги чувствуваат економските турбуленции.
Во анализа на буџетските проекции за догодина аналитичарите ја препознале определбата на Владата да и излезе во пресрет на социјалата. Но какви се бројките?
*Во година за исплата на пензии се наменети безмалку 711 милиони евра, пари во кои е предвидено и петпроцентното зголемување на пензиите од март.
*За исплата на паричен надомест во случај на невработеност за невработени лица се предвидени 28,5 милиони евра.
*За спроведување на политиките за вработување Владата во буџетот издвои 5,2 милиони евра.
*Здравствената заштита ќе потроши безмалку 361 милион евра
*За социјалната заштита на ранливите категории граѓани, Владата во буџетот за догодина обезбеди и петпроцентно зголемување на социјалната помош што ќе започне од март 2014 година.
*Буџетот за догодина во рамки на социјалната заштиа предвидува и финансирање на нови социјални права за ранливите групи на население (право за глувост и квадриплеги) и едновремено зголемување на финансиската поддршка на самохрани родители кои имаат деца со посеби потреби.
*Во социјалната заштита предвидени се пари и за поддршка на функционирањето на дневни центри и народни кујни, какои средства за субвенционирање на трошоците за потршувачка на енергија на најзагрозените категории граѓани.

 
 Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека политиката на зголемување на пензиите има финансиска оправданост. Се тврди дека Владата и фондот наоѓаат начини,  покрај кризата да им излезат во пресрет на бројните пензионери кои финансираат и цели семејства. Долгорочно, политиката е да се зголемува бројот на вработени за да може економски да се стабилизира и фондовската каса.
Аналитичарите се согласуваат дека континуираното зголемување на помошта за овие категории граѓани е важно за нив и една од карактеристики на оваа власт. За неколку години пензиите и социјалната  помош се зголемени за двоцифрени стапки. Вицепремиерот Зоран Ставрески вели дека оваа политика ќе продолжи.
-Владата ќе продолжи со политиките на зголемување на пензии, плати, социјална помош, субвенции за земјоделците и капитални инвестиции бидејќи се покажа дека тие политики се добри. Добри се и за категориите граѓани за кои се наменети и за економијата која пак е една од подобрите во Европа, во вакви тешки времиња. Нашата позиција ќе биде да има средства и за едното и за другото. Се што можеме да направиме да има зголемување на пензии, плати, социјална помош и субвенции за земјоделци и многу повеќе средства за капитални инвестиции, вели Ставрески.
Денеска Владата вработи 1.600 луѓе од социјално ранливите групи во државни институции. Во буџетот за догодина, пак се одвоени 366 милиони евра за капитални инвестиции, 20 проценти повеќе од лани.
Извор: еvesti.mkАнализата на е-вести објавува дека сумата е зголемена во однос на годинава, а поради определбата и во 2014 година да и

Пронајдете не на следниве мрежи: