Повеќе од 150 македонски граѓани се бореле во редовите на ИСИС во Сирија, изјави за ТВ Нова универзитетскиот професор Оливер Андонов.-МВР покажа исклучителна активност по однос на тоа што веќе во една година спроведе една континуирана акција наречена „Ќелија“ во која доста голем број луѓе за кои се утврдило дека продолжиле со своите активности враќајќи се од боиштата во Сирија, терористички активности, односно претставуваат закана врз општеството и дејствуваше врз тие луѓе, изјави професорот Андонов.
На прашањето, што може да се очекува, колку се опасни, Андонов вели:
-Од повеќе аспекти можеме да очекуваме опасност од нив, посебно доколку се цврсто идеолошки определени да спроведуваат задачи и по враќањето, бидејќи дел од нив се вратени во Македонија веројатно и по задача.
Универзитетскиот професор, по апсењето на четворицата поранешни припадници на Исламска држава во рамките на акцијата „Ќелија“ за ТВ Нова зборуваше и за опасноста од повратниците од странските боишта, односно странските борци.
-Од овој аспект од кој ние ги гледаме денеска и од мотивацијата поради која се наоѓале во редовите на ИСИЛ, тие се исклучително опасни, изјави Андонов.
Според него, постојат неколку различни мотиви за заминување на странските боишта, меѓу кои примарни се идеолошката и религиската индотринација, како и мотивацијата за заработување средства.
Андонов потенцира и дека по враќањето, тие може да имаат психолошки проблеми поради учество во воени дејствија.
-Дел од нив се вратени повредени, ранети, инвалиди, онеспособени за дејствување и последната работа е психичкото влијание на учество во борбени дејства кое има и уште како силно влијание врз нивното понатамошно поведение во општеството, вели Андонов.-МВР покажа исклучителна активност по однос на тоа што веќе во една година спроведе една континуирана акција наречена „Ќелија“ во која