Андонов: Поради нестручноста и неподготвеноста на СЈО и Јанева се доведе во прашање националната безбедност

Денес се случи преседан со кој се доведе во прашање националната безбедност поради нестручноста и неподготвеноста на Специјалното јавно обвинителство. За да ја оправда својата нестручност Катица Јанева се обиде да манипулира дека некој не сака да соработува и за да создаде тензија ја ангажираше единицата Алфа, а генералниот сектерар на СДСМ само и помогна во ова.Ова вечерва го истакна заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов по обвинувањата на Јанева дека не им е овозможено да го спроведат судскиот налог во УБК.

-Загрозена беше национална безбедност бидејќи Јанева ги бараше сите податоци од период 2008 до 31.12.2015 година. Имајќи во предвид дека се уште некои посебни истражни мерки траат не можеше да се обезбеди соодветно издвојување на податоците со кои може да се запознае обвинителството. Истите податоци Јанева инсистираше да ги добие што на тежок начин можеше да доведе до загрозување на животот на оперативните работници кои се уште работат на терен, објасни Андонов.Ова вечерва го истакна заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов по обвинувањата на Јанева дека не им е овозможено да го спроведат судс

Пронајдете не на следниве мрежи: