Андоновски: Работите во образованието драстично се сменија од 2006. година

Стефан Андоновски, студент кој преку стипендија на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ магистрирал во Соединетите Американски Држави на денешната панел-дискусија истакна дека од 2006. година досега многу работи се промениле во поглед на образованието и можностите кои ги нуди.-До 2006. година, во периодот кога јас бев во основно училиште најпрвин книгите од кои што ние учевме беа книги кои нашите родители сами ги купуваа. Па оттука, за една школска година неретко се случуваше да нашите родители да потрошат и до 300 евра, што тогаш беше надпросечна македонска плата. Беше многу тешко родителите да си дозволат нагледни средства и материјали кои што на нас учениците ни беа потребни, посочи Андоновски.
Вели дека проблем беше и што квалитетните ученици немаа можност да добијат некаква благодност или поддршка од институциите, потенцирајќи дека тогаш немаше стипендии за најдобрите студенти и ученици, а немаше ниту добра литература.
– Третата ситуација беше неможноста за движење на студентите. Границите беа затворени, тешко се стигнуваше до виза, немаше можности преку невладини организации или системот на образование, ученикот да прошета, да види како е во другите држави. Ова драстично се смени во 2006. година, па така јас имав можност да магистрирам на еден од најдобрите универзитети во светот, Џон Хопкинс, само заради стипендијата на владата, појаснува Андоновски.
За успешноста на проектот на владата за стипендирање на студенти за дообразување во странство Андоновски вели дека два фактори го покажуваат тоа. Според него, интересот на луѓето е првиот, бидејќи имало многу пријавени студенти, а второто е дека сите се вратија назад и сега работат во државниот или приватниот сектор.
Андоновски потенцира дека државата ги обезбеди сите потребни средства за овие млади лица да можат да се дообразуваат во најдобрите универзитети во светот.-До 2006. година, во периодот кога јас бев во основно училиште најпрвин книгите од кои што ние учевме беа книги кои нашите родители сами ги купуваа

Пронајдете не на следниве мрежи: