Ангажманот на вработените и потребните идни компетенции за економска благосостојба – тема на овогодинешната Меѓународна конференција за човечки ресурси

Оваа година темата на 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO, е заснована на сè поголемите и почести промени со кои се соочуваат организациите од секаков тип, секој ден, насекаде. Како да се постигне економска благосостојба, односно финансиска стабилност во една компанија, а притоа да се искористат тековните компетенции на вработените, и да се развијат во идни конкурентни предности, е една од најголемите задачи и цели на секој менаџер за човечки ресурси.По осми пат, традиционално, Македонската асоцијација за човечки ресурси, која е дел од Европската асоцијација за човечки ресурси, ја организира најголемата регионална, меѓународна конференција во областа на човечки ресурси и HR EXPO од 13 до 14 октомври во Скопје Мериот хотелот, и има за цел да придонесе кон развој на оваа област, како и да ги приближи современите и потребни практики до локалните експерти.
“Успешно започна и одлично поминува првиот ден од 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO. Исполнета е целта за организирање на овој настан, да се актуелизираат теми од областа на управувањето со човечки ресурси и воедно да создадеме вмрежување за размена на искуства помеѓу HR менаџерите од регионот. Задоволството е големо што овој настан со годините прерасна во вистински регионален бизнис собир, на кој имаме можност да слушнеме врвни презентери од академскиот, од корпоративниот свет, како и од менаџмент консалтингот од Европа и пошироко. Им благодарам на сите поддржувачи кои ја препознаваат вредноста и се грижат секоја година конференцијата да го достигне посакуваното високо ниво на организација.” – изјави Христина Лозаноска, Претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси.
Двата дена од конференцијата ќе бидат исполнети со презентации за што подобра промоција и дистрибуција на знаење за најдобрите практики во областа на човечките ресурси. Повеќе во врска со гостите предавачи и сите подетални информации може да се најдат на следниот линк.
Спонзори на 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO се Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд – Сити Колеџ, СиТ Македонија, РСМ Македонија, Шпаркасе Банка, Clear View, Економски факултет – Универзитет Љубљана, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Цементарница УСЈЕ – ТИТАН, Алкалоид АД Скопје, Скопје Мериот Хотел, Универзитет за туризам и менаџмент Скопје и Групер.По осми пат, традиционално, Македонската асоцијација за човечки ресурси, која е дел од Европската асоцијација за човечки ресурси, ја организира нај

Пронајдете не на следниве мрежи: