Кога сите помисливме дека СДСМ го допре дното, тие покажаа дека и од дното има подолу. Пред неколку дена целата македонска јавност беше сведок на уште една епизода од серијалот на СДСМ изрежиран врз база на лаги и манипулации, вели Марија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од нејзината прес-конференција
СДСМ повторно по кој знае кој пат го покажа своето вистинско монструозно лице и на најдрзок можен начин преку злоупотреба на ученик во средно училиште, сместен во Велешкиот интернат, се обиде да ќари ситни политички поени користејќи класични лажни политички конструкции излезени од кујната на СДСМ.
Со ова уште еднаш се докажа на дело дека во СДСМ не остана ниту грам човечност и коректност.
Во текот на вчерашниот ден во медиумите можевме да видиме како СДСМ преку својата портпаролка во ОО Велес, Весна Богоевска, принудила средношколец, кој воедно е и нејзин ученик, да даде лажна изјава, дека „храната што ја даваат во интернатот не е доволна за еден ученик“. Оваа предвреме напишана и спремна изјава од страна на СДСМ веднаш бомбастично беше пренесена од медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС со цел извртување на вистината.
Весна Стојанова Богоевска веќе 15 години е истакнат кадар на СДСМ на најразлични позиции во Велес, дали како портпарол на партијата во Велес, советник во општината, член на Училишен одбор или пак како дел од Совет на родители и Комисија за јавни набавки. На кое место и да била поставена, нејзиното работење редовно било пропратено со скандали и несовесно однесување.
Овој случај претставува цврст доказ дека во редовите на СДСМ не постои основно ниво ниту на политички ниту пак на човечки морал и етика во нивното политичко дејствување. Овој случај покажува дека за дасе доберат до власт, во СДСМ се подготвени на се’ и сешто па макар било тоа и злоупотреба на ученици и малтретирње на невини семејства.
Ваквото срамно однесување на СДСМ е вистински раритет и е незабележано досега во политиката во ниту една демократска држава.
Овој монстроузен и бескрупулозен план на СДСМ е уште една монтировка на „Фабриката за афери“ кон чии производи СДСМ прибегнува секогаш кога нема идеи и проекти со кои би можел да парира на големиот број на реализирани проекти во образованието од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Нашиот народ многу оддамна кажал „На лагата и се кратки нозете“, па така и оваа лага на СДСМ не издржа долго, а да не биде откриена и разболичена.
За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ ја повикува учителката на ученикот, веднаш, уште денес да си даде отказ од работното место наставник, бидејќи од ваквото монструозно размислување и делување штетаи последици трпат само децата кои таа наводно треба да ги воспитува и образува.
Ги повикуваме медиумите кои работат по нарачка на СДСМ да и се извинат на јавноста за искажаните невистини во прилозите.
Истовремено, ги повикуваме и поддржуваме надлежните институции, како Државниот просветен инспекторат и другите надлежни институции, час поскоро и во целост да го истражатслучајот и да поднесат соодветна кривична пријава против учителката за нејзиното скандалозно однесување.
Ова мора еднаш засекогаш да престане. Вакви случаи повеќе не смее да се повторат. Луѓето во СДСМ мора да разберат дека преку вакви лаги и конструкции, мислејќи на својата дневно-политичка корист, само наштетуваат и упропастуваат судбини и иднини на невини деца и граѓани на Република Македонија и ништо повеќе од тоа.
Затоа, уште еднаш повикуваме на брза разрешница на овој немил настан и бараме одговорност од СДСМ и учителката за ваквото монструозно и скандалозно однесување и порачуваме дека ова повеќе не проаѓа кај народот и затоа на 11-ти декември СДСМ ќе се соочи со својата сурова реалност. Тоа е денот кога граѓаните ќе пратат силна порака и ќе го кажат своето НЕ, за лагите, манипулациите и конструкциите на СДСМ.Во продолжение следува интегрален текст од нејзината прес-конференција
СДСМ повторно по кој знае кој пат го покажа своето