Новата спин-оф игра на Rovio, креаторите на популарниот серија Angry Birds, е еден од најсериозните кандидати за најскапа игра на светот. Angry Birds Go ќе излезе следниот месец, односно на 11-ти декември…Што е специфично за оваа игра?
Како и повеќето нови наслови денеска, Angry Birds Go е freemium наслов, односно играта можете да ја симнете бесплатно, но постојат работи кои можете/морате да ги купите внатре во неа. Всушност, во јавноста се појавија информации дека одредени работи во играта чинат и до 100 долари!
Според гејмерите од Нов Зеланд, каде што излезе ексклузивна бета-верзија од овој наслов, најлошиот дел е што вашиот возач ќе се измори по одреден број на трки, па ќе морате да платите за да се тркате понатаму или да почекате одреден период. Освен тоа, постојат заклучени ликови и бонуси кои мора да платите за да ги користите.
Повеќе на:GSM.mkШто е специфично за оваа игра?
Како и повеќето нови наслови денеска, Angry Birds Go е freemium наслов, односно играта можете да ја симнете