АНКЕТА: СДСМ сака да дојде на власт без да го праша народот

СДСМ сака да дојде на власт без да го праша народот, туку преку криминал и фабрика за афери, велат граѓаните.Тие му пренесуваат порака на Заев дека со создавање на хаос и со безидејност нема да ја заслужи нивната доверба.
-Политиката која ја креира и презентира една партија треба да биде политика на реална основа. Политиката на СДСМ е безидејност, фабрикување, создавање еден општ хаос за да може во тоа политичко лудило да се профитира, односно да се соберат што е можно поголем број на поени, кои ќе бидат на сила и на нереална основа. Во перспектива, тоа ништо не носи добро за Република Македонија, вели анкетиран граѓанин.
-Некој што претендира да биде премиер на оваа држава, вака си го покажува своето лице, смета еден скопјанец.
Граѓаните се изреволтирани и од фотографиите на кои јасно се гледа дека лидерот на СДСМ се фотографира со големи криминалци.
-Не можам никако да го сфатам тоа. Сликата сама по себе кажува. Со кого си, таков си. Тие се исти како тие со кои што се сликаат, сметаат граѓаните.
Граѓаните коментираат дека фактот што криминалците располагаат со нелегално стекнати разговори, за нив и за државата претставува опасност.
-Ова е најтешкиот дел за кој тие треба малку да се подзамислат. Ова треба МВР детално да го испита. Таквото однесување и податоци во рацете на криминалци, кои понатаму можат материјалите да ги користат за сопствени цели и противправно да ги злоупотребат. Може да ги користат за продажба, се слушна дека е можно и на Косово да се префрлат за утре и да ги уценуваат. Треба да се земе предвид и да се одговара за ваквото дело, вели друг анкетиран граѓанин.
Граѓаните порачуваат дека СДСМ треба да се замисли до каде планира да оди со ваквото однесување кое тие го осудуваат.
 Тие му пренесуваат порака на Заев дека со создавање на хаос и со безидејност нема да ја заслужи нивната доверба.
-Политиката која ја креира

Пронајдете не на следниве мрежи: