Антипоезија: Се појави поет кој „сее“ сатирични и груби песни

„Дојди ми навечер затоа што имам кокошкино слепило“. Ова е само еден од бисерите на новиот интернет поет кој Фејсбук корисниците ги засмејува под алијасот Н.М. Имено, станува збор за страница која настанала како пародија на анонимниот белградски поет М.Н., чии кратки песни ги освоиле срцата на луѓето. За разлика од М.Н., Н.М. е сѐ само не романтичен.Овој автор, кој инсистира да ја задржи анонимноста, уште од октомври ја засмејува јавноста со смислените, директни, по малку груби, а понекогаш и вулгарни пораки.
И покрај сомежите на јавноста дека станува збор за иста личност, Н.М. тврди дека и тој е поет, но дека не е истата личност која стои зад иницијалите М.Н.
– Оваа страница не би имала смисол без него, значи никогаш не би ја направил страницата. Суштината на страницата е приказ на делата на М.Н. на саркастичен начин. Зошто? Затоа што за неговите дела сметам дека се со лош квалитет, односно дела кои се клишеа и се наменети за широка употреба кај полуобразованите луѓе што сакаат да се чувствуваат просветлено и начитано – објасни Н.М. за „24 сата“.
Тој вели дека делата на М.Н. кај него разбудиле неверување и довеле до тоа да се запраша зошто воопшто одел во училиште.
– Зошто би се трудел во животот, кога луѓето како што е М.Н., имаат огромно влијание на ова општество кое и само по себе е премногу необразовано, игнорантно и во заблуда? Сумирано, проблемот не е во тоа што тој е самопрогласен поет, туку во тоа што народот е воодушевен од неговата поезија. Само земете и прегледајте ја неговата страница. Ќе забележите голем квантитет на клишеа и минимализми со кои тој изнесува некои површни чувства – вели Н.М.
Тој додаде дека сака да предизвика кај луѓето шок и интензивно гадење, а изгледа дека тоа и му оди од рака.Овој автор, кој инсистира да ја задржи анонимноста, уште од октомври ја засмејува јавноста со смислените, директни, по малку груби, а понекогаш и в

Пронајдете не на следниве мрежи: