Анжи „НЕЗАИНТЕРЕСИРАН“ за Бекам

Рускиот клуб Анжи ги демантираше информациите пренесени од страна на одредени медиуми дека наводно овој клуб е заинтересиран за поранешниот капитен на Англија.
Дејвид Бекам беше на големо поврзуван со екипата на Анжи, кој наводно сериозно бил заинтересиран да го доведе во своите редови.
Сепак, претседателот на клубот, Константин Рамчуков ги демантираше сите овие шпекулации нарекувајќи ги „ноторни лаги“.
„Тоа се најобични глупости, никој во клубот во ниту еден момент не помислил на Бекам. Ова е измислена приказна…“ изјави претседателот на Анжи.
Извори блиски до Бекам пренесуваат дека најверојатно наредна дестинација на Бекам би можело да биде Кина.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Рускиот клуб Анжи ги демантираше информациите пренесени од страна на одредени медиуми дека наводно овој клуб е заинтер

Пронајдете не на следниве мрежи: