Апел од ЈП „Комунална хигиена“-СкопјеСо намера да ја подобри хигиената во градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на изминатата година започна етапно да ги менува старите дотраени метални контејнери со нови пластични контејнери со зафатнина од 1,1 кубни метри.
За жал, во последниот период сме сведоци на една немила појава – опожарување на новите пластични контејнери од страна на граѓаните, коишто во нив исфрлаат запалени предмети и материи, како што е недоизгасната жар од скара, отпушоци од цигари и сл. На овој начин се прави огромна штета за Претпријатието, но пред сѐ за граѓаните, од чиишто средства се набавуваат садовите за отпад и за коишто се наменети истите.
Би сакале да апелираме повеќе да не се исфрлаат вжарени и недоизгаснати предмети и материи и во никој случај намерно да не се опожаруваат контејнерите, бидејќи во спротивно ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе поднесе пријава до полицијата и соодветните инспекциски служби и ќе бидат преземени строги санкции за сторителите.
Истовремено, ги охрабруваме граѓаните коишто ќе забележат ваква појава, истото да го пријават на дежурниот телефон на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје: 3216 644.Со намера да ја подобри хигиената во градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на изминатата година започна етап