Со огромен оптимизам, верба во животот и целосна надеж во хуманоста и доблеста да му се помогне на човек во моментите кога му е најтешко и да се доведе во нармалните текови еден мад живот, ви се обраќаме со апел за финансиска помош, потребна за лекување во странство на Борчо Проданов 22 год од Валандово.Неговата дијагноза на болеста е: dystrophio misculorum progressiva.
Врз основа на медицинската документација и испитувањето на лабораториските и другите дополнителни можности за третман на болеста и спречување да дојде до срцето, се препорачува третман со матични клетки. Третманот ке се спроведе во Солун (Грција), со цел минимизирање на трошоците. Матичните клетки ке се изработуваат во биогенетските лаборатории на групацијата R.G.C.C. Internation од ZUG/ Швајцарија, а аплицирањето на матичните клетки би се извршувало во General Hospital Euromedika во три наврата, од страна на DR.Alfred J. Barish во тесна соработка со доктор-специјалист невролог. Цената на третманот изнесува 24,000 ЕУР.
„ПОЧИТУВАНИ ХУМАНИ ЛУЃЕ, Во овие тешки моменти, но и надежни моменти за Борче, истовремено со голема верба дека солидарноста и овој пат нема да изостане, Фамилијата Проданови ќе ви бидеме непроценливо благодарни на секој Ваш прилог што во рамките на можностите хуманитарно ќе го донирате за потребите на неговата медицинска интервенција во Грција. Верувам дека заедно можеме да направиме крајно големо дело за Борче, и за човекољубието како општа придобивка на добрите луѓе.“ – стои во апелот на семејството.
Да ја покажеме хуманоста!
Неговата дијагноза на болеста е: dystrophio misculorum progressiva.
Врз основа на медицинската документација и испитувањето на лабораториск