Кога ја претстави серијата iPhone 12 минатата година, Apple непријатно изненади многу корисници со одлуката да ги отстрани полначите и слушалките од пакувањето.
Додека американскиот технолошки гигант се оправдува со еколошки причини за ваквиот потег, не е ни чудо што повеќето луѓе не го гледаат ова како оправдан потег, а Бразилците отидоа чекор подалеку.
Бразилската агенција за заштита на потрошувачи во Сао Паоло (Procon-SP) неодамна го казни Apple со 2 милиони долари бидејќи не доставил полначи во пакувањата. Според организацијата, „Apple учествувал во лажно рекламирање и продажба на уреди без полначи под нефер услови“.
На крајот на минатата година, Apple навистина објавија дека нивните уреди ќе доаѓаат без полнач, меѓутоа, кога од Procon-SP беа прашани дали тоа значи дека телефоните ќе бидат поевтини, тие не добија никаков одговор, пренесува порталот 9to5Mac.
#Apple #Brazil Apple faces $2 million fine in Brazil for ditching chargers with iPhone 12: A Brazilian consumer group isn’t OK with Apple’s environmental “progress” to stop including a power adapter… https://t.co/71HenrFxiW | https://t.co/bIdLpql6Rr | https://t.co/mfR4u1I3JG pic.twitter.com/SMJdSwnaio
— eStream Studios (@eStream_Studios) March 20, 2021
Тие исто така го обвинија Apple дека не обезбедува доволно квалитетна поддршка за корисниците „кои имаа проблеми по ажурирањето на софтверот“ и тврдат дека американската компанија мора да ги почитува регулативите и законите, како што прават сите други компании.