Apple издава обврзници во рекорден износ од 17 милијарди долари

Технолошкиот гигант Apple ги изненади пазарите во вторникот со најавата за емитување обврзници во износ од 17 милијарди американски долари, најголемото корпоративно издавање на обврзници во историјата, за да дел од своите големи суми на сметките им ги подели на акционерите.Само една седмица откако извести за првиот пад на кварталната добивка во повеќе од последните десет години, Apple излезе на пазарите со масивно должничко издание на обврзници за да собере средства за својата амбициозна програма според којашто до 2015 година на акционерите ќе им подели 100 од вкупно 145 милијарди долари во готовина, колку што држи на сметките.Понудата на Apple, единствената технолошка компанија, којашто нема ниту еден цент долг на своите сметки, уште на првиот ден привлече побарувачка во износ од 50 милијарди долари, што е голема побарувачка и дури и во овие услови и кои обврзниците се многу барани.Понудата на обврзниците од 17 милијарди долари е најголемото небанкарско издание во историјата. Досега водечкото место на оваа лиса го држеше минатогодишното издание на обврзници на Abbott Laboratories во износ од 14,7 милијарди долари.Воедно тоа е и првото издание на обврзници на Apple во историјата и претставува клучна пресвртници во односот кон акционерите, коишто му забележуваа на овој технолошки гигант што натрупува готовина на сметките, наместо да ги зголеми дивидендите или да откупува акции на компанијата на пазарите за да акционерите имаат поголем поврат на вложеното.Оваа пресвртница минатата седмица ја најави извршниот директор на компанијата Тим Кук, велејќи дека до 201 година компанијата на акционерот ќе им подели 100 од вкупно 145 милијарди долари во готовина преку зголемување на дивидендата за 15 отсто и проширување на програмата за откуп на акциите на 60 милијарди долари.Во иднина акционерите на Apple ќе добиваат годишна дивиденда од 12,20 долари по акција, при што Apple ќе стане една од компаниите со најголемата дивиденда на светот.Така овој производител на култните мобилни апарати iPhone и iPad се обидува да ја поддржи цената на акцијата, имајќи предвид дека од септември минатата година, кога достигна рекордни 702 долари по акции, падна за 44 отсто, со што компанијата загуби повеќе од 280 милијарди долари од својата пазарна вредност.Од кога Кук најави дека овој пресврт на цените на акциите на Apple пораснала за повеќе до 10 отсто, во вторникот достигнувајќи цена од 444 акции.Иако компанијата има неверојатно 145 милијарди долари во готовина, само 45 милијарди долари се лесно достапни во САД, додека остатокот од сумата се наоѓа на компаниските сметки во странство, па даночно неисплатливо би било да бидат повлечени во земјата. Тоа значи дека Apple во идните три години би требало да собере околу 60 милијарди долари за финансирање на својата програма за поделба на парите на акционерите.Аналитичарите сметаат дека излегувањето на Apple на пазарот на акциите би имало смисла, бидејќи тоа би можело да биде најевтиниот начин за собирање капитал, имајќи предвид дека каматите во САД се рекордно ниски и дека компанијата го има врвниот трикратен А рејтинг кај сите три најзначајни рејтинг агенции во светот.
МакфаксТехнолошкиот гигант Apple ги изненади пазарите во вторникот со најавата за емитување обврзници во износ од 17 ми

Пронајдете не на следниве мрежи: