Обединетите нации најавија план за следење на сите граѓани на планетата преку биометриски пат. Биометриската идентификација значи дека некоја личност може да се препознава со проценка на една или повеќе биолошки црти.ОН сакаат да имаат податоци за особините на луѓето, отпечатоците на прстите, зениците, ДНК и сите останати биолошки информации кои можат да помогнат при идентификација на поединци. Истите информации би се чувале во централната база на податоци во Женева и би се користеле за подобрување на животот на луѓето.
Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), планира да започне со примена на биометриската технологија со цел идентификација и следење на бегалците и веќе на тендер е избрана компанијата „Accenture“ за спроведување на тој проект.
Поголемите банки го поддржаа овој подвиг, а „Citigroup“ веќе тестираше нов банкомат кој бара информации од паметен телефон и скенирање на окото пред да исплати пари. Ваквите иницијативи само укажуваат на тоа дека денешното општество, чии трансакции се следени и контролирани од страна на организациите со неограничена моќ, сериозно тргнуваат кон апсолутна тиранија.
Целата идеја за воведување на виртуелна идентификација е смислена за да можат банките да контролираат колку пари се исплаќаат од сметките.
Еден новитет доаѓа од Кина, која го најави стартувањето на програмата „Sesame Credit“. Накратко, станува збор за програма која треба да ги наградува „добрите и послушни“ граѓани коишто ги плаќаат сметките на време. На тој начин, кинеската влада сака да создаде кротко и послушно општество кое е фискално и морално поодговорно. Лошата страна е што непослушните граѓани би можеле да бидат казнувани и притискани да се однесуваат според зададените општествени норми. Кина планира оваа програма задолжително да ја имплементира до 2020 година.
ОН се сметаат за добронамерна организација. Но, дали е безбедно на една организација или ентитет на власта да се даде толкав авторитет и моќ?ОН сакаат да имаат податоци за особините на луѓето, отпечатоците на прстите, зениците, ДНК и сите останати биолошки информации кои можат да помогна