Дознајте какви проблеми ве чекаат доколку сосем го запоставите сексуалниот живот со партнерот.Можеби повеќе немате секс со партнерот толку често како порано? Можеби ви недостасуваат новини во спалната соба? Што и да е, не дозволувајте да се заладат односите помеѓу вас, бидејќи може да настанат сериозни проблеми. Издвојуваме неколку од нив:
Се губи поврзаноста со партнерот
Може да се прегрнувате, бакнувате, допирате, или пак да спиете голи, но за мноштвото луѓе сексот е најинтимниот чин на искажување љубов. Доколку го изоставите од секојдневниот живот, бидете сигурни дека односите помеѓу вас и партнерот ќе се заладат. Без сексот, љубовта е само пријателство.
Се чувствувате несигурно
Доколку знаете дека партнерот ве сака, тоа прави да се лувствувате убаво, атрактивно, привлечно… Доколку тоа изостане, може да почнете да мислите дека повеќе не сте привлечни за партнерот па да се препуштите во разни практики за убавина, или пак полошо, да паднете во депресија.
Ја зголемувате шансата за измама
И вие и партнерот сте пред се живи суштества со основни потреби, меѓу кои и сексот. Доколку таа потреба ја задоволувате нередовно или воопшто не ја задоволувате, постои огромна можност да паднете во искушение и задоволството да го побарате од некоја друга личност.
Ќе заглупавите… Буквално
Научно е докажано дека луѓето кои уживаат во сексот даваат подобри резултати на тестови за учење и паметење. Тајната лежи во тоа што при секс, особено за време на оргазам се активира целиот мозок.
Ќе патите од главоболки
За време на оргазам, нашето тело лачи окситоксин и ендрофин, кои помагаат при справувањето со главоболки и мигрена, а и совршено ги ублажуваат менструалните болки.
Порано ќе умрете
Научно е докажано дека имањето секс два пати неделно го спречува ризикот од срцеви болести, рак на дојка или простата и го подобрува имунитетот. Кај средовечните мажи кои имаат секс барем два пати месечно ризикот од карцином и срцев удар се намалува за 50%.Можеби повеќе немате секс со партнерот толку често како порано? Можеби ви недостасуваат новини во спалната соба? Што и да е, не дозволувајте да се