среда, 11 ноември 2026
Најново

Аргентина ги замрзна цените во обид да спречи инфлација

Аргентина објави дека на два месеци ги замрза цените на производите во самопослугите во обид да го сопре растот на инфлацијата.

Замрзнувањето на цените важи за сите производи во најголемите супермаркети во државата, вкучително и за познатите трговски синџири „Walmart“, „Carrefour“ и останатите.Овие компании, кои заземаат 70 отсто од аргентинскиот пазар, постигнаа спогодба со секретарот за трговија, Гиљермо Морено, јавија локалните медиуми.Министерството за трговија им порача на потрошувачите да ги чуваат сметките и да го пријават секое поскапување на цените, кои би се случиле пред 1 април, до кога е на сила одлуката.Меѓународниот монетарен фонд минатата недела ја критикуваше аргентина поради објавување на неточни економски податоци и и' даде рок до септември својата статистика да ја усогласи со меѓународните стандарди или до ноември ќе биде исклучена од ММФ
 
Makфакс
Аргентина објави дека на два месеци ги замрза цените на производите во самопослугите во обид да го сопре растот

Пронајдете не на следниве мрежи: