Православна црква стара повеќе од 1500 години е откриена во турска централната област Кападокија, во контекст на најголемиот подземен археолошки локалитети во Навшехир. Посебно фасцинира тоа што во внатрешноста на црквата се пронајдени фрески кои никогаш до сега не се видени во ниту една православна богомолија.Откриените фрески кои го прикажуваат вознесението на Христос на небото, но и уништување на злите духови познат како Страшниот Суд. Во новооткриената православна црква, за која археолозите сметаат дека е стара повеќе од 1500 години, се наоѓаат уште многу тајни со оглед на тоа дека досега е расчистен само кровот и горниот дел од ѕидот.
Во предниот дел од црквата се наоѓаат слики од распнувањето и вознесението на Христос на небото, но покрај тоа се наоѓаат и фрески со ликот на апостолите, свети и други пророци, Мојсеј и Јелисиј, вели за турски Хуријет истражувачот Али Ајдин.
Покрај оваа црква археолозите откриле цел урбан стамбен проект и подземен град со 4 милји тунел, а се верува дека тука живееле луѓе пред 5000 години. Она што до сега знаеме е дека фреските се единствени и дека до сега не се видени ниту во една друга црква на светот.
Покрај спомнатите, пронајдени се и фрески на кои се гледа како на Исус од рака му излегува риба.
Ова место е поголемо од претходно откриените цркви во Кападокија. Кога ќе биде расчистено до крај, ова место би можело да стане уште поголем центар за аџилак на Христијаните ж, наведува градоначалникот Невешехир.Откриените фрески кои го прикажуваат вознесението на Христос на небото, но и уништување на злите духови познат како Страшниот Суд. Во новооткриенат



