Шпански археолози сметаат дека пронајдоа една од првите слики на Исус. На сликата се гледа млад маж со виткана коса, на кој раката му е крената во знак на благослов. Се верува дека овој пронајдок датира од 6 или 7 век.Каталонските експерти кои ја открија сликата во стар Египетски град, мислат дека ова било некое почивалиште на писатели и свештеници. Овој пронајдок го оценија како „извонреден“, бидејќи е дел од периодот на првите христијани.
Археолозите работат на преведување на написот, кој е испишан околу фигурата, со цел да го пронајдат вистинскиот идентитет на човекот.
Експертите од универзитетот во Монтпелиер не се сигурни дека ова навистина е ликот на Исус, но сепак изјавуваат дека пронајдокот е мошне сочуван.
Археолозите пронајдоа и неколку орудја, кои беа закопани во еден гроб. Метално перо, кое се уште е полно со мастило и две празни перца.
За откривње на овие пронајдоци, археолозите и инженерите помрднаа околу 45 тони карпи, кои уште не се откриени целосно. Тие ќе продолжат со понатамошни истражувања и целосно ќе откријат што се крие во гробницата. Останува наскоро да дознаеме, кога ќе може со сигурност да се потврди за што се работело.
Каталонските експерти кои ја открија сликата во стар Египетски град, мислат дека ова било некое почивалиште на писатели и свештеници. Овој пронајдо