Археолозите откриле гробница на досега непозната египетска кралица!

Чешките археолози откриле гробница на досега непозната египетска кралица Хант Каус III, сопруга на фараон од Петтата династија, кој владеел со Египет пред 4500 години, соопшти Министерството за култура во Каиро.„За прв пат откриваме име на кралица која воопшто не била позната пред откривањето на нејзината гробица“, изјави министерот за култура, Мамдух ел Дамати.
Гробницата е пронајдена југозападно од Каиро на локацијата Абу Сир, на која се наоѓаат неколку пирамиди на фараоните од Петтата династија кои владееле во времето околу 2500 години п.н.е.
„Ова откритие ќе ни овозможи да расветлиме некои непознати аспекти за Петтата династија, која заедно со Четвртата беа сведоци на изградбата на првите пирамиди“, додал ел Дамати.
Се проценува дека гробницата датира од средината на Петтата династија (2494-2345 година п.н.е.). Откриена е на местото покрај гробницата на фараонот Неферефра, поради што се претпоставува дека досега непознатата кралица била негова сопруга.
Археолозите во гробницата пронашле и садови и други предмети од секојдневниот живот, како и врежаното име на кралицата и другите нејзини титули по ѕидовите од гробницата. „За прв пат откриваме име на кралица која воопшто не била позната пред откривањето на нејзината гробица“, изјави министерот за култура,

Пронајдете не на следниве мрежи: