Судејќи според археолошките ископувања, Стар Египет имал сопствена верзија на Хонгконг. Скорешни ископувања откриле дека на делтата на Нил во Стар Египет постоеле важни комерцијални колонии на древна Грција: градот Наукратис.Значењето на колонијата било поголемо отколку што порано се мислело.
Според извештаите на истражувачите, откриени се дури 10.000 артефакти кои сведочат за трговското пристаниште кое било изградено од старите Грци. Ископувањата на Британскиот музеј открија бројни олтари, накит, амајлии и статуи, но и бројни други предмети во местото за кое се верува дека најстарата населба на стара Грција во северна Африка. Се верува дека датира од 7. век п.н.е.
На сајтот на Британскиот музеј се наведува:
„Наукратис го посетувале трговци од бројни грчки градови, но и Феникијци и Киприоти, а станал познат по своите големи симпозиуми и преубавите куртизани.
Наукратис функционирал како главно трговско пристаниште на делтата на западен Нил до основањето на Александрија и станал значаен низ целиот хеленски и римски период. Во Египет се увезувало вино, масло и сребро, се извезувале житарки, лен, натрон, папирус, парфеми итн.“.
Точната локација на овој град ја одредил еден англиски египтолог уште во 1884 година, но археолозите мислеле дека населбата е мала и дека нема потреба да се спроведуваат ископувања.
Ископините укажуваат на тоа дека во градот живееле околу 16.000 жители и дека натписите во него говорат за животите на населението. Во Наукратис има повеќе натписи од 6. век, отколку во кое било друго грчко светилиште.
Археолозите пронашле остатоци од грчки бродови, амфори и египетски фигури од теракота посветени на „фестивалот на пијанството“ меѓу пронајдените предмети. Истражувачите укажуваат на тоа дека Наукратис може да се смета за египетски Хонгконг.Значењето на колонијата било поголемо отколку што порано се мислело.
Според извештаите на истражувачите, откриени се дури 10.000 артефакти



