Арнаудов: На СДС единствено нешто што им оди добро е блокирањето

Се наоѓаме на локацијата „Мауцкер“ каде треба да поминува автопатот Кичево-Охрид, проект испланиран  и започнат од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, кој при предавањето на власта го оставивме во напредна фаза на реализација, за сега да гледаме во целосен застој без никаков сигнал за негово понатамошно продолжување, истакна на денешната прес-конференција Љубен Арнаудов од ВМРО-ДПМНЕ. Неспособноста на СДС на дело се покажува токму тука, граѓаните гледаат дека СДС немаат ниту капацитет, ниту визија и план за да ја водат Република Македонија, единствено нешто кое добро им оди е блокирање, укинување и правење застои како што впрочем сега го прават со автопатската делница Кичево-Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ напоменува дека изградбата на автопатот не смее да биде проблематизирана и  опструирана, таа мора веднаш да продолжи, автопатот е важен за Република Македонија и за целиот регион бидејќи со него се подобрува поврзаноста долж европскиот коридор 8 од  Бари, во Италија , преку Република Албанија и Република Македонија до Бургас во Бугарија, со него ќе се зголеми проточноста и ќе се допринесе за забрзан економски развој на целата држава, а особено на нашиот регион.
Срамно е и безобразно е ова однесување на СДС, тие во текот на изборната кампања ветуваа 600 километри автопат и 550 километри магистрални патишта, за сега да гледаме дека не се способни да ги довршат  автопатите кои ВМРО-ДПМНЕ  ги започна и кои се во напредна фаза на реализација, а не пак да градат нови.
СДС имаат одговорност да ги реализираат ветувањата кои им ги дадоа на граѓаните, а тие наместо со работа и проекти се занимаваат со политикантство и млатење празна слама.
Доколку не се способни и неможат да се сносат со обврските и одговорноста кои ги побарува управувањето со државата и за граѓаните и за нив е подобро ако си поднесат оставка , зошто само така ќе овозможат Република Македонија да оди напред.Неспособноста на СДС на дело се покажува токму тука, граѓаните гледаат дека СДС немаат ниту капацитет, ниту визија и план за да ја водат Република

Пронајдете не на следниве мрежи: