Арон Пол, познат како Џеси Пинкман од серијата “Breaknig Bad”, кажува дека му требало многу долго време за да почне пристојно да заработува.- Како многу млад одлучив да се преселам во Лос Анџелес. Пари собирав уште кога имав 12, 13 години. Во животот толку имав подеми и падови, што понекогаш немав што да јадам. Во еден период од животот живеев со цимер, па морав една недела да спијам во креветот, друга во ормарот. Моравме да се менуваме, а смештајот не чинеше 250 долари месечно.
Тој кажува дека улогата во “Breaking Bad” не ја прифатил поради тоа што очајно му биле потребни пари, туку поради тоа што едноставно му се допаднала.
– Кога го прочитав сценариото за пилот епизодата, тоа дефинитивно беше најдобрата ствар која некогаш сум ја бидел. Не бев сигурен дали сето ова ќе излезе добро, но кога почнавме со снимање како да зневме дека сме дел од нешто посебно. Одеднаш сите станавме блиски. Толку многу ги сакам тие луѓе, што не сакам да се опростам од ова поглавје во мојот живот – вели Арон.
Земајќи го во предвид животниот пат на Арон Пол, можеби и не чуди фактот што тој толку добро ја толкува улогата на Џеси Пинкман.- Како многу млад одлучив да се преселам во Лос Анџелес. Пари собирав уште кога имав 12, 13 години. Во животот толку имав подеми и падови, што поне