Арсовска-Томовска: Непотребно се прави драма и политички маркетинг за објавени огласи

Партиски војници или професионални работници. Административците во интерес на партиските препукувања. Секој си ги нарекува како сака и кога сака без да внимава на речникот.– Револтирани велат се чувствуваат само како бројка бидејќи секој според потребите на сопствената математика вели дека некогаш нивниот број е преголем за кога ќе се смени страната да бидат дури и премалку со потреба за нови вработувања. Тоа секако негативно се одразува врз професионалното работење пред се поради притисокот кој што се врши за бркање од работа. Вчера од неколку медиуми беше потенцирано дека масовно се вработува во предизборниот период. Апсурдно е што и експертите кои ова го потврдуваат се дел од администрацијата која била пре-вработена или тие се сметаат за вишок вели министерката Марта Арсовска-Томовска според која статистиката вели нешто сосема друго.
Според математиките бројот на администрацијата се топи за околу 1000 лица на годишно ниво или од државна работа си заминуваат над 5 илјади лица по различни основи а се потпишуваат околу 4 илјади нови решенија.
Во делот на партиските вработувања министерката за квази аналитичарите вели дека не го земаат во предвид законскиот механизам кој не дозволува да се влијае на постапката за вработување како во минатото кога се задржувало дискреционото право да се избира меѓу тројца кандидати.
Притисокот врз административците како што истакна Арсовска-Томовска е нечовечки и нема да се дозволи истиот да влијае врз професионалното работење.
Според упатените непотребно се прави драма и политички маркетинг за вкупно објавени 39 огласи од страна на агенцијата за администрација од кои 5 се на централната власт а останатите 34 на самите општини.– Револтирани велат се чувствуваат само како бројка бидејќи секој според потребите на сопствената математика вели дека некогаш нивниот б

Пронајдете не на следниве мрежи: