Артефакт рекордс е македонска дигитална етикета (издавачка куќа) која се занимава со издавање на електронска музика во дигитален формат на глобално ниво. Во нашиот каталог претежно се наоѓаат изданија на македонски млади надежни продуценти како и продуценти од регионот, но исто така има и десетина имиња од различни земји низ светот.Артефакт рекордс е замислена како платформа која ќе нуди пристап до сите познати светски дигитални продавници, како и промоција на изданијата до сите познати дј-и и продуцент низ светот, сѐ со една цел да се поттикне креативноста и да се мотивираат младите електронски артисти од Македонија за поголема застапеност на нивните изданија на глобалната музичка сцена. Во своето четиригодишно постоење имаат издадено над четириесет изданија, соработувале со над педесет продуценти од регионот и светот, а воедно најголемиот број продуценти од Македонија кои нешто значат на електронската сцена имаат соработувано со нивната етикета во улога на артисти или ремиксери.
Горан Тек е дел од поновата гарда македонски продуценти кои се на сцената последните десет години. Започнува со издавање на електронска музика во 2008 година, и тоа за неколку странски етикети како и неколку изданија за нашата етикета. Неговите изданија без исклучок биле поддржани и проследени со многу добра критика од диџеите и продуцентите со кои соработуваме на промоција на нашите и зданија. Горан започнува со диџејство во 2004 година и тоа во локалните клубови во родниот град Битола. Потоа почнува со настапи низ Македонија како и во неколку клубови и фестивали низ Балканот.
Во тој период неговиот стил се надградув и се повеќе станува препознатлив по длабокиот тек звук наменет за п одиумот. Неговата артистичка кариера стартува 2008 година и до денес има повеќе од 50 траки издадени за различни етикети како Балкан Конекшн, Токио Ред, Ексел (Македонија), Тенор, Сити Лајф, Персепшн и неколку изданија за нашата етикета, како и за етикетата Вок анд Ток рекордс која е во негова сопственост стартувана во 2013 година.
Неговиот деби албум „Light At The End” се состои од дванаесет траки, кои изобилуваат со меки мелодии, јаки бас линии, акорди и звуци кои се еднакво добри за слушање и уживање во интимноста на вашиот дом, или автомобил, како и за незаборавни журки во доцните вечерни или раните утрински часови на подиумот во вашата омилена дискотека.
Прекрасен пакет исполнет со длабоки и мелодични траки, на моменти прогресивни и моќни, а на моменти во неколку траки со сосем спротивна енергија многу лежерна со чил- аут елементи, сето тоа за комплетно слушачко искуство. Предпромоцијата на албумот веќе беше оддржана во летниот клуб Сектор 909 на 23-ти Август 2014 година, и наиде на позитивна реакција од бројната публика која остана до утринските часови.
Во моментов сѐ уште трае промо кампањата и секојдневно пристигаат позитивни критики и поддршка за албумот, над шеесетина диџеи и продуценти од светот веќе ја искажаа поддршката со своите коментари и позитивни критики како и промовирање на траки од албумот во нивните сетови.
Албумот ќе биде достапен за превземање започнувајќи од 19-ти Ноември 2014 година, во сите квалитетни интернет продавници за музика.
На следниот линк можете да го преслушате изданието на албумот: https://soundcloud.com/artefactrecords/light-at-the-end-album-preview
Артефакт рекордс е замислена како платформа која ќе нуди пристап до сите познати светски дигитални продавници, како и промоција на изданијата до си