Асад: Америка ги убива цивилите во Сирија, а не Русија

„Повеќе од 80 држави, а посебно Турција и Саудиска Арабија, пружаат финансиска, логистичка и материјална помош  на терористичките групи кои се борат во Сирија“, изјавил сиријскиот претседател Башар ал Асад.Сиријскиот лидер поддршката од странските спонзори ја опишал како „активна“ и „неограничена“, додавајќи дека некои од  тие земји им пружаат помош на радикалните групи во  пари, вооружување, регрутирање и логистика. Башар ал Асад ја обвини  Саудиска Арабија  ека е клучен финансиер на милитантите, кои  се обидуваат да го  тргнат од власт.
Тој исто така ја повика меѓународната заедница , доколку сака да види  ефикасен прекин на оганот во Сирија, да ги спречи другите земји,посебно Турција, да праќаат  борци, вооружување или било каква логистичка поддршка на терористите. Сирија, како  што кажал, за промената на односите на силите во петгодишната војна, ѝ должи голема благодарност  на Русија и Иран, нагласувајќи дека нивната помош е од „суштинско значење“.
Асад исто така ги поздрави „многу прецизните“ руски воздушни удари на позициите на терористите во  Сирија, истакнувајќи дека не постојат докази дека руските авиони мавале цивили.
„Всушност, Американците се оние кои го прават тоа. Тие убија многу цивили на североистокот од Сирија, а не Русите. Ниту еден инцидент со цивилите досега не се случил, бидејќи воздушните удари не се изведуваат во градовите, туку во  руралните подрачја“, објаснил тој. Сиријскиот лидер поддршката од странските спонзори ја опишал како „активна“ и „неограничена“, додавајќи дека некои од &nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: