Започна уредувањето на двата патни правци на Пониква.- Со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од мерките за пристап до туристички локалитети и за поврзување со магистрален пат, ќе се асфалтираат два локални пата на Пониква. Тоа се патот што го поврзува паркингот на Спортско-рекреативниот центар „Пониква“ со викенд-населбата – локален пат – регионален пат 519 – Јастребник во должина од 1 200 м и ширина од 4,5 м и локалниот пат село Полаки – излетничко место Пониква – прв дел, во должина од 1 075 м и ширина 4 м. За првиот патен правец се наменети 7 809 422 денари, а за вториот 8 712 686 ден. – соопшти градоначалникот Ратко Димитровски.
Изведувачот, градежната компанија „Стојменов“, деновиве асфалтира од паркингот на „Пониква“ кон викенд-населбата, а според стручните служби вториот дел ќе се асфалтира во септември.
– Сите овие активности претставуваат дополнување на условите за развој на туризмот на Пониква, посебно за тие што инвестираат во сместувачки и угостителски капацитети и за сопствениците на викендички. Нашата цел е постојано да ја збогатуваме оваа инфраструктура со цел Пониква да стане што попривлечен туристички центар во источниот дел на Македонија, истакнува Димитровски.- Со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од мерките за пристап до туристички локалитети и