Екипи на фирмата изведувач Жикол Скопје, по комплетно завршените подготвителни градежни активности, од вчера започна со асфалтирање на пет улични системи во с. Долно Дупени.Се работи за градежен зафат како дел од тритте проекти кои Општина Ресен ги реализира со финасиска поддршка на Светка банка во висина од 260 000 евра.
Конкретниот проект во село Долно Дупени опфаќа изградба на пет улици во селото во должина од 1,1 километар за што се обезбедени околу 4 милиони денари. Другите два тековни проекти преку светска Банка се комплетна реконструкција на водоснабдителниот систем во с. Сливница и канделабриско осветлување на с. Царев Двор. – истакна градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски при посетата на градежните активности во Долно Дупени , кои според изведувачот се очекува да завршат во првата половина на месец Септември оваа година.Се работи за градежен зафат како дел од тритте проекти кои Општина Ресен ги реализира со финасиска поддршка на Светка банка во висина од 260 000 ев