Градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски беа во работна посета на н.Сингелиќ, каде во завршна фаза е реализирање на проектот за асфалтирање на улицата Алија Авдовиќ, со поставување на завршниот слој на асфалт.Оваа е 10-та асфалтирана улица по поплавите, инаку досега се асфалтирани улици во должина од 8000 м2 а тампонирани се околу 80 000 илјади м2 во сите населени места кои беа зафатени со невремето.
До крајот на денот ќе бидат асфалтирани 5000 м2 од улицата Алија Авдовиќ која ја користат жителте од населените места Сингелииќ, Стајковци, Црешево, Виниче, Страчинци, Смилковци, Булачан и Раштак.
Ова е проект кој се рализира во соработка со Владата на Р.М, односно со средства од Агенцијата за рурален развој и земјоделие. Останатите улици кои се асфалтирани во населените места Сингелиќ и Стајковци се со поддршка на градот Скопје.
Вредноста на проектот изнесува 16.000.000,00 денари од кои 11.000.000,00 денари од Агенцијата за рурален развој и земјоделие, а 5.000.000,00 денари од општина Гази Баба.
Пред асфалтирањето на улицата се направи и комплетна атмосферска канализација во должина од околу 800 м која го решава проблемот со атмосферските води, кои ќе се одведуваат во каналот со што ќе се придонсе во иднина улицата да има поголема трајност без собирање на вода на истата.
На улицата од едната страна ќе биде направен и тротоар од павер елементи во должина од 800 м.
Во следниот период општина Гази Баба со поддршка од Владата на РМ и Град Скопје ќе продолжи со проекти за санација и асфалтирање на улиците онаму каде е потребно, како и нормализирање на состојбата после поплавата.
Инфраструктурата во општината после реализиацијата на проектите ќе биде во многу подобра состојба отколку онаа пред поплавата, каде што асфалтирање на улиците ќе се направи и на оние улици кои во минатото не беа.
Оваа е 10-та асфалтирана улица по поплавите, инаку досега се асфалтирани улици во должина од 8000 м2 а тампонирани се околу 80 000