По должина на каналот во Сингелиќ, Градот Скопје и ЈП „Улици и патишта“ започнаа со асфалтирање на улица, како дел од големата акција за асфалтирање на поголем број улици и краци во Синѓелиќ и во другите поплавени подрачја.Улицата што се наоѓа по должината на каналот во Синѓелиќ се асфалтира во должина од 450 метри со широчина од 4 метри. Вкупно ќе биде асфалтирана површина од 1.800 квадратни метри.
Со тоа, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот за сите учесници и ќе се придонесе што побргу да се нормализира животот во Синѓелиќ, по елементарната непогода.
Оваа улица е прва во низата улици што ќе ги асфалтира и обнови ЈП „Улици и патишта“, а кои што беа оштетени во поплавата од 6 август.
Финансиските средства за асфалтирање на овие улици ги обезбеди Град Скопје, со Одлуката што ја донесе Советот на Град Скопје, а со која за помош на поплавените подрачја се одвоени 150 милиони денари.
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ на асфалтирање на улиците и нивните краци што беа оштетени во поплавата ќе работат во наредните 3 месеци.
На отпочнувањето на работите присуствуваа градоначалникот Тони Трајковски, градоначалникот Коце Трајановски и вицепремиерот Владимир Пешевски.Улицата што се наоѓа по должината на каналот во Синѓелиќ се асфалтира во должина од 450 метри со широчина од 4 метри. Вкупно ќе биде асфалтирана по