Аси не доаѓа во Скопје!

Аси сепак нема да дојде во Скопје!Туба Бујукустун, кај нас најпозната по улогата на Аси од истоимената турска серија, сепак, не доаѓа во Македонија, потврдуваат организаторите на „Неделата на турскиот филм“.
Туба Бујукустун требаше да пристигне денеска претпладне во Скопје, како придружба на својот сопруг Онур Сајлак, кој ја игра главната улога во филмот во германско-турска копродукција „Есен“, филм со кој денес во Кинотека на Макеоднија ќе се отвори четвртиот по ред фестивал посветен на турската кинематографија.
Причината за откажувањето на посетата на Скопје, неофицијално, се здравствени проблеми на една од ќеркичките- близначки на актерската двојка. Посетата е одложена на неопределено време, но Туба и Онур ветуваат дека наскоро ќе дојдат и ќе ја посетат Македонија.
Сепак, вечерва во 19.00 часот е закажано свечено отворање на „Недела на турски филм“ организирана од страна на Советништвото за култура и за информации при Амбасада на Република Турција во Скопје.
РепубликаТуба Бујукустун, кај нас најпозната по улогата на Аси од истоимената турска серија, сепак, не доаѓа во Македонија, потврдуваат организаторите на &b

Пронајдете не на следниве мрежи: