Астероид откриен пред само неколку дена ќе се приближи до Земјата поблиску од Месечината овој викенд

Астероид со величина на кит во недела ќе помине покрај Земјата, соопштено е од НАСА. Астероидот 2014 RC ќе помине на одалеченост од  40.000 километри.Астрономите сопштија дека астероидот со големина од 20 метри ќе биде најблиску до Земјата над Нов Зеланд во 21:18 по средноевропско време. Ќе можат да го забележат и аматери- астрономи со мали телескопи, но само на момент.
Астероидот првобитно бил откриен на 31 август во истражувачкиот центар „Katalina“ во Туксон, Аризона, а веќе следната ноќ го детектирал телескопот  „Pan-STARRS“  на Хаваите.
„Допдека ова небеско тело не претставува опасност по Земјата и нејзините сателити, неговата близина претставува прилика за истражувачите да набљудуваат и да научат повеќе за астероидите“, велат од НАСА. Овој астероид нема да удри во Земјата, но неговата орбита повторно ќе го доведе во наша близина во иднина. Неговото движење ќе биде пратено, но веќе се знае дека во иднина нема да има опасни средби со 2014 RC.
Претходно поминување на астероид низ нашата орбита било забележано во март оваа година кога  2014 ЕС се приближил на 61.637 километри, што е на шестина одалеченост на Земјата од Месечината. Научниците досега не можат со сигурност да кажат колку овие појави ќе бидат зачестени и дали ќе се соочиме со вистинска опасност од удар.
„Би можело да ни се случи уште утре, а работата која ме загрижува е што ќе направиме за да се одбраниме“, вели професорот Брајан Кокс.

Овој астероид не е единствена закана за Земјата, бидејќи НАСА го следи движењето на 1.400 потенцијално  заканувачки небесни тела, предвидувајќи го нивното следно движење и веројатноста од удар. Колку стравовите се оправдани потврдуваат и зборовите на Ед Лу, кој ситуацијата ја опишал како вселенски рулет, наведувајќи дека само среќата го спасила човештвото од сериозен удар.
Црни прогнози
ЌЕ БИДЕМЕ ЛИ ИЗБРИШАНИ ВО 2880?
Како потенцијален датум за уништување на Земјата означен е 16 март.20880 година кога се предвидува удар од астероид. Истражувачите го уочиле  ова тело кое се движи толку брзо што било очекувано да се распадне, но до тоа сепак не дошло. Астероидот останал недопрен на својот пат, а во далечна иднина ќе се сретне со Земјата.
На оваа тема можете да прочитате повеќе на следниот линкАстрономите сопштија дека астероидот со големина од 20 метри ќе биде најблиску до Земјата над Нов Зеланд во 21:18 по средноевропско време. Ќе можат

Пронајдете не на следниве мрежи: