Освен досегашните Владата на Република Македонија усвои и нови мерки за заштита од загадениот воздух со кои од работни обврски се ослободуваат не само бремените жени и лицата над 60 годишна возраст, туку и лицата заболени од астма со препорака од матичен лекар.Овие мерки беа усвоени на денешната седница на Владата на Република Македонија, по добиените податоци од УХМР дека временската состојба ќе остане непроменета до вторник, на која како прва приоритетна точка беше разгледа ситуацијата со квалитетот на воздухот и беа продолжени и досегашните мерки за заштита од загадениот воздух се до 24 декември.
Освен тоа на денешната владина седница, како што информираше министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми беше разгледаната можноста и за субвенции од страна на Министертвото за економија за замена на старите печки со нови, како и субвенции за граѓаните од страна на Град Скопје за чистење на оџаците.
-Идејата е доколку Градот Скопје може да субвенционира 50 отсто од трошоците, а министерството за здравство да продолжи со патронажната служба кај старите лица, бидејќи апелот е тие да не излегуваат надвор од своите домови, потенцираше Адеми.
Тој додаде и дека од Министерството за животна средина веќе се изготвени брошури кои се делат низ Скопје, Тетово, Битола и Кичево за да се информираат граѓаните за штетните влијанија од користењето на неквалитетни дрва и гориво.
-Исто така апелираме до општините Тетово, Битола и Кичево да направат анализа или анкета за видот на користење на гориво за затоплување по примерот на градот Скопје, како и препорака да се избегнува организирање на спортски натпревари и други културни манифестации на отворено се до вторник, додаде министерот Адеми.
Владата на Република Македонија во вторник повторно ќе се состане и ќе одлучи дали мерките за заштита ќе продолжат да важат и понатаму.Овие мерки беа усвоени на денешната седница на Владата на Република Македонија, по добиените податоци од УХМР дека временската состојба ќе остане н