Астролошки водич за СВЕКРВИ: Чувајте се од свекрва Скорпија, додека свекрвите Девици…

Овен
Во моментот кога се приближува до вашиот дом, имате чувство дека се приближува генерал накај војник. Влегува како ураган, и се однесува како да не ја интересира вашиот живот, но ја интересира многу повеќе отколку што можете да замислите. Главниот напад ќе и биде дека нејзиниот син „пати“ поради вашето готвење.
Бик
Таа ќе биде горда на жената на својот миленик, но кога најмалку ќе се надевате, ќе ве потсети на вашиот завет – тоа ќе значи дека нешто не и се допаднало. Бара чистотија и ред. Доколку често и ги оставате децата на чување, постои „опасност“ дека ќе станат дебели и размазени.
Близнаци
Доколку кај неа оставите добар впечаток, тоа ќе биде како да сте добиле на лотарија. Тешко ќе ја разберете, бидејќи едно мисли, друго зборува, а трето работи. Има потреба да се меша во личниот живот на својот син, бидејќи тоа е нешто што најмногу ја интересира.

 
Рак
Не е ни мила, ни опасна, но затоа е во состојба да лее крокодилски солзи за секоја ситница. Не се обидувајте да ја лажете бидејќи има голема интуиција, а за нејзиното готвење имате само пофални зборови доколку не сакате да се најдете на црна листа. Многу е чувствителна, и се што прави, прави за семејството.
Лав
Ваква свекрва и не е баш некоја најсреќна прилика. Во вас воедно ќе гледа и како конкуренција, па немојте да очекувате пофални зборови. Важно е на почетокот да и покажете заби, бидејќи многу е можно да игра валкани игри со вас. Непрестанато ќе ве контролира вас, и ќе ве следи во секој ваш чекор, има вродена потреба да надгледува и да води со секоја ситуација. Позитивна страна е што е одличен педагог за вашите деца.
Девица
Таа е многу поразумна од било кои други кои се обидуваат да се наметнат. Клуч за успех кај неа е педантноста. Доколку куќата не ви биде доволно уредна и чиста ќе влегува о неа како полицаец и ќе прави рација чистејќи. Многу е штедлива, па добро е да и побарате совет кога се во прашање финансии, тоа ќе го зацврсти вашиот однос во иднина.

 
Вага
Таа секогаш ќе биде ваша десна рака и ќе биде тука за да ве поддржи во ситуации во кои ви е потребна и не потребна, а во главно ќе биде непотребна. Секогаш е добро расположена,а својата пензија ќе ја троши на скапи подароци за нејзините внучиња.
Скорпија
Во овој случај е голем факторот на среќа. Свекрвата скорпија може да биде вистинска вештерка и тиранин која со поглед го сече секој збор и отворено ви покажува колку не ве сака Средина нема да има, или ќе ве сака, или едноставно нема да ве поднесува. Во двата случаи важно е да и го покажете својт став и да бидете искрени бидејќи тоа навистина го цени. Со време ќе видите колку таа е внимателна, чувствителна, и колку сака да даде поддршка во секоја ситуација.
Стрелец
Во ваква ситуација свекрвата ќе биде целосно отсутна. Смета дека нејзиниот син повеќе не е нејзина грижа, туку ваша, така да воопшто нема да ви се меша во животот. Покрај неа ќе се чувствувате опуштено, можете да седнете заедно да си запалите цигара, да испиете кафе и да зборувате на разни теми.

 
Јарец
Се меша амо во финансии бидејќи со тоа е најмногу преокупирана. Останатото премногу не ја интересира, но сака да готви, пече и да прави колачиња. Но не и ги оставајте децата на чување бидејќи многу ќе ги размази. Ако ви затребаат пари, таа секогаш ќе биде тука бидејќи има на претек.
Водолија
Оваа свекрва на која најголема цел и е општото добро на светот нема скоро воопшто да се меша во вашиот брак. Ќе биде зафатена со членства во разни добротворни организации, здруженија и цркви. Ако не и парирате на интелектуално ниво, помалку ќе ве сака, но секако ќе ве почитува. Ако и побарате помош, веднаш ќе се појави пред вас со желба да помогне.
Риби
Нема да ви излезе од домот, но не поради некоја лоша намера, туку затоа што има потреба да помогне и се чувствува корисна. Клуч за успех секогаш да ја држите на дистанца, е постојано да и споменувате колку ви значи и колку ви е од помош. Кон внуците е внимателна. Овен
Во моментот кога се приближува до вашиот дом, имате чувство дека се приближува генерал накај војник. Влегува ка

Пронајдете не на следниве мрежи: