Најдобриот македонски кајакар Атанас Николовски е победник на 46.от Илинденски кајак слалом – ИКАС одржан викендов на Матка крај Скопје
Денешната победа за Николовски добива на значење ако се знае дека тој се врати на патеката за кајак по повеќе од едногодишна пауза. Николовски во дисциплината К1 патеката ја мина за 94.36 секунди или нешто повеќе од две секунди побрзо од Марко Мркочи (Хрватска). Трет беше уште еден Хрват Динко Мулиќ.
Во другите дисциплини доминираа натпреварувачите од Словенија.
Алја Козорог е победничка меѓу жените во дисциплината К1, пред Србинките Кристина Петровиќ и Оља Лазаревиќ.
Во Ц1 победи Зига Талјат, пред Хрватите Иван Толиќ и Лука Обадиќ.
Словенците Лука и Петар Знидаршиќ беа најбрзи во Ц2.Денешната победа за Николовски добива на значење ако се знае дека тој се врати на патеката за кајак по повеќе од едногодишна пауза.