Марковиќ бил убиен додека со автомобилот се приближувал до семејниот дом. По неколку секунди, од шумата во близина истрчал напаѓачот и испукал неколку куршуми во настраданиот.Во заседа во населбата Ивановиќи, околу 17:30 часот беше убиен црногорскиот политичар Саша Марковиќ (48), јави црногорски „Вести“.
Домот на семејството Марковиќ се наоѓа на крајот од патот, зад кој има шума. Тој бил погоден во пределот на главата и трупот. Починал на местото на несреќата. Полициските сили се наоѓаат на местото на злосторството и собираат докази.
Саша Марковиќ е роден на 19 април 1967 година во Будва. До 1998 година се занимавал со приватен бизнис, а потоа активно почнал да се занимава со политика. Бил член на Либералниот сојуз на Црна Гора од 1990 година.
Зад себе ја остави сопругата и двете малолетни деца.
Во заседа во населбата Ивановиќи, околу 17:30 часот беше убиен црногорскиот политичар Саша Марковиќ (48), јави црногорски