• Дизајнот потсетува на моделот од првата генерација• Audi виртуелната кабина и Matrix LED светлата технички го нагласуваат• Светол внатрешен дизајн со спортски стилЗатегнат и мускулест, спортски и секогаш подготвен: За 11 дена, новиот Audi TT ќе го има своето деби на автомобилскиот саем во Женева. Кај третата генерација на компактниот спортски автомобил, дизајнерите реинтерпретираат идеи од првата ТТ генерација од 1998 година – но на еден динамичен поинаков начин.
Во предниот дел на новиот Audi TT доминираат хоризонтални линии. Единечната решетка е поширока и порамна. Позицијата на логото со четири прстени е поставено на ново место: Тоа сега се наоѓа на централниот преден дел на поклопецот на моторот, со што потсетува на R8.
Многу детали на новото купе потсетуваат на дизајнот од првата генерација. Формата на прагот и широките лакови на тркалата составуваат различни геометриски ентитети. Напред лаковите на тркалата се вкрстуваат со линијата над вратите која се протега до задниот дел на автомобилот.
Третата генерација Audi TT, дизајнерската икона е систематски рафинирана и внатре и надвор – а резултатот е спортски автомобили со педигре. Особено е препознатлив по острите линии, кои го дефинираат многу динамично и прецизно. Од почеток до крај комбинацијата на линиите, сенките и површините создаваат неверојатна тензија.Затегнат и мускулест, спортски и секогаш подготвен: За 11 дена, новиот Audi TT ќе го има своето деби на автомобилскиот саем во Женева. Кај тр