Атлетска трка во Парк шума Гази Баба по повод 23 октомври

 Годинава по втор пат на терените во Парк шумата Гази Баба се  оддржаа 3 атлетски трки во чест на Денот на Македонската Револуционерна борба – 23 Октомври на кои имаше над 100 учесници.-Градот Скопје ја поддржува оваа атлетска трка што се одржува по повод 23 Октомври на која има голем број учесници и се надеваме дека секоја година бројот на учесници ќе се зголемува. Сметам дека  ваквите манифестации ќе влијаат врз граѓаните и тие да се занимаат рекреативно или професионално со некој спорт, односно да спортуваат и да се грижат за своето здравје. Се надевам дека и другите општини во иднина ќе организираат вакви спортски настани на нивните територии, истакна градоначалникот Трајановски.
Трката-полумаратон  се трчаше на 21.1 км, втората трка  на 5 км, а третата , којашто беше  рекреативна трка за жени, на 2 км.
Стартот и финишот за сите трки беше на централниот круг на парк шумата Гази Баба, а сите натпреварувачи  имаа стартен број со електронски чип чие време  се мереше на секое поминување на стартната линија. Учесниците на  големата трка  оминаа по 4 круга пред да финишираат на целта, а  натпреварувачи во трката од 5км истрчаа само 1 круг.
Патеката на полумаратонот ги опфати  двете новоизградени трим рекреативни патеки на терените на Парк шумата Гази Баба.
За победниците на атлетската трка од 21.1км  се обезбедени награди во машка и во женска конкуренција, односно за 1  место 4.000 денари, за 2  место 3.000 денари, за 3  место 2.000 денари и за 4 и 5 место по 1.000 денари.
На полимаратонот првото место во женска конкуренција го освои Андријана Поп Арсова, второто Виолета Ивановиќ, а како трета на целта пристигна  Марвин Меклен. 
Во машка конкуренција најбрзо го истрча полумаратонот Муџахид Муслимовски, втор беше Атанас Анчевски, а трет ја помина целта  Игор Стојевиќ.
Медалите на најдобрите им ги доделија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Оваа атлетска трка е под покровителство на Градот Скопје, Општината Гази Баба,  Агенцијата за млади и спорт и во соработка и координација со Атлетската федерација на Македонија, а главен организатор на  трката е здружението „23 Октомври“.-Градот Скопје ја поддржува оваа атлетска трка што се одржува по повод 23 Октомври на која има голем број учесници и се надеваме дека секоја година

Пронајдете не на следниве мрежи: