AUDI AG: за прв пат над 900 000 клиенти во првата половина од годината

Кумулативно, испораките во светски рамки пораснаа за 3,8%; додека пак само во месец јуни за 1,3% Директорот на продажба Лука де Мео изјави: “Бележиме континуираниот раст и покрај претстојните промени на најзначајните модели и предизвиците на светскиот пазар”
Продажбата на новиот Audi TT во Европа порасна за неверојатни 78,1%
Во споредба со истиот период минатата година, во светски рамки продажбата на AUDI AG од јануари до јуни 2015 година се зголеми за 3,8% или околу 902.400 испорачани автомобили. За прв пат во историјата на компанијата, повеќе од 900.000 клиенти го избраа брендот со четири прстени во првите шест месеци од годината. Иако во моментов се прават значајни промени на моделите на голем број пазари, сепак продажбата и понатаму расте на сите светски региони – особено зголемување забележано е на американскиот пазар од 12.4%. Во јуни, во целиот свет беа испорачани околу 157.450 автомобили со што е забележан раст од 1.3% во споредба со истиот месец минатата година
“Досега, 2015 година за нас беше година полна со предизвици. Ние успешно се справивме со овие предизвици и остануваме на вистинскиот пат “, изјави Лука де Мео, член на одборот на директори за продажба и маркетинг во AUDI AG. Бележиме континуираниот раст и покрај тоа што се подготвуваме за новите генерации на клучните волуменски модели, кои сочинуваат околу 40% од глобалната продажба. ”
Новиот наследник на најдобро продаваниот модел на Audi, новиот А4, најпрво ќе биде лансиран во Европа во четвртиот квартал. Во класата на големи спортско корисни возила, новиот Q7 пристигнаа на сите европски пазари, а следи премиерата и во другите региони на светот. Во првата половина од годината силен раст беше забележан кај семејството А3, од 35% или околу 195.350 испорачани автомобили.Директорот на продажба Лука де Мео изјави: “Бележиме континуираниот раст и покрај претстојните промени на најзначајните модели и предизвиците

Пронајдете не на следниве мрежи: