четврток, 12 ноември 2026
Најново

„Аутизмот не е загатка или болест, туку само начин на постоење“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ) одржа работна средба на тема: „Аутизмот не е загатка или болест, туку само начин на постоење“, сè со цел придвижување и пресретнување на потребите и прашањата кои ги засегаат лицата со посебни способности. Свој говор одржаа: првата дама на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова; пратениците и членови на ИППГ: г. Сашо Василевски, г-ѓа Роза Топузова-Каревска, г-ѓа Јагода Шахпаска, г-ѓа Мирсада Емини-Асани и г-ѓа Лилјана Поповска; г. Зоран Гиев од Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и аспергеров синдром „Мојот свет“ и татко на дете со аутизам; г. Горан Петрушев, претседател на Сојузот на дефектолози во Република Македонија; деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Горан Ајдински; продеканот на Медицинскиот факултет, проф. д-р Даниела Миладинова; д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести и Елена Кочовска од Движењето против хендикеп „ПОЛИО ПЛУС“, како втемелувач на идејата за формирање на ИППГ.
Претседавачот на ИППГ, г. Сашо Василевски истакна дека како и досега, и понатаму ќе се одржуваат средби, состаноци, работилници, конференции, презентации, на кои произлегуваат предлози кои треба да се реализираат во корист на лицата со хендикеп.
Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, како повеќегодишен активист во оваа област, истакна дека аутизмот е актуелен проблем со тенденција на пораст, не само на светско ниво, туку и во Република Македонија и дека со цел да се обезбеди подобар и поквалитетен живот на децата со аутизам, е потребна, заедничка, интегрирана и добро координирана акција меѓу сите засегнати институции. Укажувајќи дека се загрижувачки податоците за дијагностицирани деца со аутизам, како и недоволната информираност на јавноста, таа ја посочи потребата од натамошно подигање на јавната свест за аутизмот. 
Говорниците, врз основа на своите искуства и активности, проблемите со кои се соочуваат секојдневно, изнесоа идеи, предлог-мерки, иницијативи и сугестии, кои и преку носење нови закони или подобрување на постоечките, ќе го подобрат животот на децата со аутизам, на нивните родители и општеството воопшто. 
Тие беа едногласни дека главен приоритет е отворање на центар за аутизам и нагласија дека раната дијагностика и раната интервенција се пресудни за понатамошниот развој на децата со аутизам, исто како и соодветната терапија и третманот со стручни лица. Како многу важен проблем кој треба итно да се реши е и начинот на образованието на децата со аутизам. Беше укажана и потребата од стручни тимови во градинките и училиштата, отворање на добро опремени дневни центри и развојни советувалишта, повеќе обуки за работа со терапии, да се испита можноста за креирање на Национална стратегија за аутизам и да се оформи Регистар на лица со аутизам во Република Македонија.
Во инспиративниот и забележителен говор, Елена Кочовска од „ПОЛИО ПЛУС“, го потенцираше принципот „Ништо за нас без нас“, давајќи ја главната порака на хендикепираните лица – „Без разлика какви сме, имаме право како и вие!“. На заедничкото патување, таа побара заемно почитување, да работиме и да учиме заедно, зашто само така можеме да одиме напред.
 

Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, денеска се обрати на работната средба на тема „Ау…
Posted by Д-р Сашо Василевски on Friday, 19 February 2016

Свој говор одржаа: првата дама на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова; пратениците и членови на ИППГ: г. Сашо Василевски, г-ѓа Роза Топузова-Ка

Поврзани вести