Авганистанците дале мито 3,9 милијарди долари во 2012-та

 Половината Авганистанци платиле мито на некој функционер изминатата 2012 година што вкупно изнесува 3,9 милијарди американски долари, се наведува во извештајот на Обединетите нации објавен во четвртокот.„Митото кои го платиле авганистанските граѓани одговора на двојниот бруто домашен производ (БДП) на Авганистан и четвртина од финансиските ветувања дадени на самитот во Токио, изјави Жан-Лук Лемаие, регионален претставника на УНДОК, бирото на Обединетите нации кое ги истражува трговиите со дроги и криминалот, кого го цитира AFP.Корупцијата има општествени димензии во Авганистан каде 68 отсто од 6.700 испитаници сметало дека тоа е нормално функционер да прифаќа мали суми како дополнување на прениските плати, се забележува во извештајот УНДОК.Приближно 67 отсто од анкетираните, пак, сметале дека е прифатливо во јавните служби да се вработува преку роднински или пријателски врски.„Авганистанците знаат дека корупцијата го нагризува општественото ткиво. Решението не е само во владата, туку и пошироко, и во општеството“, дополни Лемаие.Во јули 2012 година во јапонската престолнина Токио на конференцијата на донаторите за цивилна помош и развој во Авганистан одлучија да одобрат 16 милијарди долари за следните четири години на оваа земја под услов да постигне напредок во транспарентноста и човековите права, особено правата на жените.Повеќе од 40 милијарди долари меѓународна цивилна помош се потрошени во Авганистан од 2001 година по доаѓањето на меѓународните сили предводени од НАТО и САД, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој.И покрај неколку успеси, особено во здравствената сфера и во образованието, ефектите од овие средства се далеку од можните имајќи ги предвид потрошените суми.
 
Макфакс Половината Авганистанци платиле мито на некој функционер изминатата 2012 година што вкупно изнесува 3,9 милијарди американски долари, с

Пронајдете не на следниве мрежи: