четврток, 12 ноември 2026
Најново

АВРМ и Комората на извршители потпишаа Меморандум за соработка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Меморандум за соработка за електронска проверка на податоци во Агенцијата за вработување на Македонија, денеска потпишаа директорот на АВРМ Влатко Поповски и претседателот на Комората на извршители, Зоран Петрески.Со Меморандумот се предвидува користење на новата услуга на Агенцијата за електронска проверка на податоците кои Агенцијата досега ги  давала во печатена форма.
-Со новата услуга ќе се намалат времето и трошоците на Агенцијата во делот на ангажирање на луѓе и изработка на тие документи, трошење на тонери, хартија… односно се што претставува товар на Агенцијата, ќе се намали, појасни Поповски.
Проектот на Агенцијата, според претседателот на Комората Петрески, ќе претставува олеснителна околност како за извршителите така и за должниците кои ќе добијата помали трошоци за изработка на тие документи.
-Овој систем ќе овозможи две клучни работи. Прво е брзина и ефикасноста, а второ намалување на трошоците. Крајно, корист од овој систем ќе имаат граѓаните на Република Македонија кои се должници во постапките, истакна Петрески.
Услугата на АВРМ стартува од денеска, а покрај извершителите, корисници ќе бидат и граѓаните, нотарите, институциите… кои ќе можат да добиваат онлајн податоци за пократко време.Со Меморандумот се предвидува користење на новата услуга на Агенцијата за електронска проверка на податоците кои Агенцијата досега ги  давала

Поврзани вести