Австралискиот регулатор ја тужи Visa

Австралискиот регулатор за заштита на пазарната конкурентност ја тужеше компанијата за платежни картички Visa поради наводна доминантна позиција на пазарот, објави во понеделникот BBC.

Како што прецизира британскиот радиодифузер, Visa во Австралија е обвинета дека на клиентите им оневозможува при трансакциите да користат валути по сопствен избор.
Австралискиот регулатор, исто така, навел дека Visa на трговците им забранувала да користат услуги од конкурентските компании во конверзијата на валутите.
Од Австралиската комисија за пазарна конкурентност (ACCC) наведуваат дека таквата практика би требало да ги зголеми приходите на Visa.
Претседателот на ACCC, Род Симс изјавил дека поради таквата деловна практика, туристите и другите гости во Австралија не можат само да го изберат „давателот на услуги за промена на валути при подигнување пари во готовина од банкоматите”. “Конкретно, закината им е можноста да се информираат за трошоците на трансакцијата во сопствената валута во времето на нејзиното извршување”.
Додал, исто така, дека практиката на Visa на оневозможување на употребата на конкурентските системи за конверзија на валутите во продавниците исто така значи дека на трговците им е оневозможено да учествуваат во приходите коишто произлегуваат од таквите трансакции.
 
Makфакс
Австралискиот регулатор за заштита на пазарната конкурентност ја тужеше компанијата за платежни картички Visa п

Пронајдете не на следниве мрежи: