четврток, 12 ноември 2026
Најново

Австралиските власти ќе градат затвор за изолирање екстремисти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Австралиските власти ќе го изградат првиот затвор каде ќе бидат изолирани екстремисти со цел спречување радикализација во затворите како дел од мерките против тероризмот. Тоа го изјави премиерката на државата Нов Јужен велс Гладис Беренџиклијан.Изолирањето ќе биде во рамки на строго чуван затвор во специјално крило со капацитет од 54 затвореници кои ќе бидат под силно полициско обезбедување.
– Во следните три години ќе потрошиме 47 милиони долари за изградба на дополнителен капацитет за изолирање на такви затвореници за кои се смета дека е многу веројатно да се обидат да шират  радикализација во затворите, изјави таа на прес конференција.
Во затвори во Нов Јужен Велс има 33 луѓе кои се осудени за тероризам.
Во четвртокот полицијата во таа австралиска држава доби овластувања да пука во осомничени лица за терористички напади дури и ако напаѓачот не претставува непосредна закана.Изолирањето ќе биде во рамки на строго чуван затвор во специјално крило со капацитет од 54 затвореници кои ќе бидат под силно полициско обезбедувањ

Поврзани вести