Новинарот Франклин Бујон од парискиот весник „Фигаро“ во октомври 1897 год. спроведе серија интервјуа со српски и со бугарски државници, кои беа отпечатени и во „Пестер Лојд“. Тоа беше 20 години по Берлинскиот конгрес – доволно време за да се дојде до јасна претстава за позициите. Во интервјуата се јавуваат два термина, кои во однос на Македонија, уште тогаш се сметале за мошне важни.Мнозинството бугарски соговорници биле сконцентрирани кон мислата за автономија за Македонија. Србите, пак, тврдеа дека со ваков чекор би се одложило решавањето на прашањето за турските поседи во Европа, за на Бугарија да и се даде време за развој на стопанството и за подготвување. Белград ги обвини Бугарите дека, исто како што се случи со автономна Источна Румелија, очекуваат автономна Македонија еден ден да им падне в раце. Српскиот премиер Симиќ со следниве зборови го искажа својот впечаток за намерите на Бугарите: „Автономијата секојпат оди рака под рака со припојување“. Од друга страна, бесполезно било да се чека на исходот од реформите (кои на Османлиското Царство му беа наложени на сите конференции и во многу договори, но секојпат остануваа неспроведени), бидејќи овие поради „бавноста на Турција на Ориентот се неможни“, па би требало „уште денес да се согледа неопходноста од поделба“.
На ова Бугарите одговорија дека не може да склучат сојуз со Србија, со аргументите дека „Србите кон бугарска Македонија имаат претензии кои не можат да ги поткрепат“. Оттаму „е невозможно да се разграничат сферите на влијание“. „Делба… на нешто што, според правото, сметаме дека нам ни следува, не доаѓа предвид“.
Поранешниот српски премиер Новаковиќ можеше да си дозволи на „Фигаро“ да му го соопшти реалното признание: „Да ја говориме вистината, Бугарите, Србите и Грците, никој од нас не е подготвен да ја почне битката која ќе ја одреди судбината на Ориентот“.
Имајќи ги предвид чистата калкулација со моќ, која стоеше зад српските планови за поделба, дејствува речиси наивно – идеалистички кога човек го чита искрениот и претпазлив став на германскиот генерален конзул во Софија, кој го изјави тоа една цела година подоцна во врска со овој план:
„Српско-бугарскиот договор за разграничување на сферите на интересите во Македонија, кој во основа не е ништо друго туку очекувана поделба на оваа турска провинција, и кој не содржи ниту план за практично спроведување ниту пак за одржување на редот и мирот во дадената област, не може да очекува одобрение или поддршка од царската влада…
Како на Србите и на Бугарите (или пак на Грците) да им е до „одржување на редот и мирот“ во Македонија!
Сепак, заклучокот сосема точно и концизно го пренел ставот на Владата на Рајхот и особено кајзерот Вилхелм Втори.
Но: подоцна ќе се покаже дека и ваквите параметри, кои важат за непроменливи, некогаш се подложни на измени.
Колку многу продолжената австриска окупација на Босна влијаеше врз балканските односи, и дури и врз македонското прашање, се гледа од зборовите на поранешниот бугарски премиер Драган Занков (кој беше еден од одговорните за падот на првиот владетел на Бугарија десетина години порано, грофот Александар фон Батенберг): „Откако Австрија ги зазеде Босна и Херцеговина, две српски провинции, се трудеше оваа анексија да биде заборавена, со тоа што на властите во Белград им вети компензации на југ“.
А на југ беше Македонија.
Иако во текстот на Берлинскиот договор од 1878 година членот 25, уставно-правно стануваше збор за окупација, Занков всушност говореше за анексија како уште во 1897 година да насетувал каков епилог, околу 10 години подоцна (1908), ќе има авантуристичката политика на Австрија. Конкретно за Македонија, тој додаде: „Надвор од територијата на Косово, не постои српска Македонија од проста причина што во Македонија нема Срби“.
Со ова бугарскиот премиер сосема точно ја опишал ситуацијата. (Секако не додал дека истото се однесува и на Бугарија). За жал, овој настан во следните 100 години постојано е порекнуван и прикриван, и од Србите, и од Бугарите.
Со оглед на тоа што, конечно во 1913 година навистина дојде до поделба на Македонија, очигледно е дека уште додека траеле балканските искривоколчувања во врска со предметот на трговија со Македонија, од политичкиот пристап јасно се открила вистинската ситуација:
Доколку и едната и другата влада биле толку убедени дека местото на Македонија и е во склоп на нивната држава, тогаш не би прифатиле никакво тргување околу тоа со владата на соседот.
Бугарија никогаш не би побарала автономна Македонија – освен за да и се спротивстави на Србија (а подоцна и на Грција) – доколку навистина била убедена дека Македонија е бугарска. Следствено, Белград веднаш ги откри вистинските намери на Бугарите.
Уште понеконсекветна беше српската страна: доколку Македонија порано навистина била српска област, српските власти никогаш не би се согласиле на поделба.
Србите, и покрај нивната православна вера, се чини не се сосема запознаени со библијата, инаку, тие немаше толку непростливо да ја занемарат соломонската пресуда за поделба на детето, за конечно без секое сомнение да се открие вистинската мајка.
Но, тука се работеше за две грабливки што се бореа за што поголем дел од пленот, со кој немаа ништо заедничко.
Во неговиот придружен извештај пратеникот, в. Векер-Готер, во два случаи навлегува во детали: „Што се однесува до проектот за автономно уредување на Македонија, кое беше лансирано од бугарските власти, како што можам да забележам од изјавите на тукашните бугарски агенти, програмата се уште се составува, и на ова од српска страна, исто како и тогаш, се уште се гледа како на неизводлив и злонамерен експеримент. Само Новаковиќ, со нему својствен идеализам на воодушевен професор по историја и археолог, можеше да се загрее за овој тројански коњ, со кој во Македонија требаше да се прошверцува хегемонијата на бугарштината“.
Навистина, пратеникот не можеше попрецизно да ги опише односите.
Бившиот крал Милан поинаку гледаше на работите. Иако, помалку образован од професорот, кој ја намириса бугарската стапица и преку синот Александар ја одби оваа понуда: Нема да испрати „тројански коњ“ кон Скопје (ниту пак кон Солун ниту кон Охрид…)!
„Балкански сојуз“, како што секогаш бев убеден, е една Химера – сега уште поголема од порано – и доколку се создаде ќе значи избивање на војна помеѓу малите балкански држави“.
Колку само беше во право. За жал на Македонија.
Ханс – Лотар Штепан
Извор: Лоза.мкМнозинството бугарски соговорници биле сконцентрирани кон мислата за автономија за Македонија. Србите, пак, тврдеа дека со ваков чекор би се одложи
Пронајдете не на следниве мрежи: