AZAX SYNDROM: Диџејот кому македонската ракија му е омилена

Sun Production Ве известува дека сѐ е спремно за големиот спектакал за љубителите на електронската музика.Поводот веќе го најавивме, денот на љубовта и виното, за сите фанови на урбаниот стил на живеење овој настан ќе биде централниот на овој посебен ден. Покрај исполнувањето на сите организациски предусови за да се случи настанот, моравме да ги исполниме и барањата на гостинот од Израел, еден од најпознатите диџеи од овој стил на музика AZAX SYNDROM. Неговите барања во принцип се стандардни за големите диџејски имина, освен едно што е уникатно и посебно се однесува на Македонија.
Од стандардните барања АЗАКС исклучиво бара да биде сместен во хотел со 5 ѕвезди, за целото време додека престојува во Скопје бара да му биде обезбеден личен шофер и обезбедување, сака да вкуси традиционални јадења од овој регион и барањето што не изненади, а веруваме дека и Вас исто така е тоа што АЗАКС сака да пие македонска ракија.
Пред повеќе години кога бил гостин во Скопје за првпат ја пробал и секогаш кога ќе се спомне Македонија една од првите асоцијации е пијалокот со уникатен вкус, нашата ракија. И изненадувањето да биде уште поголемо, Азакс замолува доколку е можно да му бидат обезбедени неколку флаши што ќе може да си ги понесе со себе во Израел. Неговите барања нормално ќе му бидат обезбедени.
Азакс Синдром неколку пати го најави своето гостување во Скопје на својата официјална фејсбук фан страна и ги покани сите да гостуваат на настанот што долго ќе се памети. Поголем дел од влезниците за журката се веќе распродадени, за тие што сеуште не купиле истото можат да го направат на добро познатите места на дистрибутивната мрежа „купи карти за се“ во Скопје и ширум републиката, и онлајн на www.nastani.com.mkПоводот веќе го најавивме, денот на љубовта и виното, за сите фанови на урбаниот стил на живеење овој настан ќе биде централниот на овој посебен де

Пронајдете не на следниве мрежи: