Баба си ископала гроб и редовно го чисти веќе 20 години: Ќе заплачете откако ќе ја дознаете причината…

Инспирирана од верските предавања за животот и смртта кои ги слушала пред 20 години, 83-годишната Зејнеп за себе си ископала гроб и оттогаш секоја седмица го посетува и чисти за да се потсети како поминува животот, но и за важноста на добрите дела.Баба Зејнеп вели дека пред 21 година останала вдовица и дека во тој период во џамијата во родното село Касимлар, во северниот турски град Зонгулдаку, посетувала верско предавање по кое ги контактирала надлежните да ископа гроб во кој таа ќе почива.
Како што вели сама таа, поради работата и обврските да се постави гробот на нејзиниот сопруг, требало да помине една година. 
„Секоја недела го чистам гробот и внимавам на него како на својата куќа. Во него и околу него ја корнам тревата. Тоа е гробот во кој јас ќе легнам и затоа за мене е толку важен. Сите ќе си ја дочекаме смртта па затоа сум среќна што си го подготвив својот гроб на кој недостасува само датата на смртта“ – вели таа.
Нејзиниот син вели дека пријателите порано му изразувале сочувство за смртта на неговата мајка, бидејќи биле збунети од тоа што виделе гроб со нејзиното име.
Но, тој им објаснил дека тоа е нејзината желба која ќе ја почитува.Баба Зејнеп вели дека пред 21 година останала вдовица и дека во тој период во џамијата во родното село Касимлар, во северниот турски град Зонгулдак

Пронајдете не на следниве мрежи: